Skip to content

За мојот роден крај

Добро, кога конечно имам место каде да ги изнесам моите ставови за моменталната ситуација во државава, ќе ја искористам таа прилика. Последното нешто што беше акутелно во нашава ни скромна држава, беа ни повеќе ни помалку – актуелните избори! И да не сакаш да се замараш и занимаваш со политика, тоа е неизбежно, буквално политиката е насекаде околу тебе, а да не зборувам што беше два месеца пред избори. Сите партиски поттрчковци лепат плакати, напнуваат по луѓето за нивната партија стигнуваат дури и до тепачки само за да го обелат образот на својата избрана страна безразлика дали се работи за власт или опозиција. Ветување на вработувања во замена за еден глас, звонење по врати со сугестии за гласање за советници или не знам што дури стигна до потплатување и подмитување за да се гласа за одредена партија, па сликање на гласачкото ливче како доказ за “верноста”. Не сум политички активна, иако го искористив моето право за прв пат да гласам, со самото тоа сум вмешана во политиката, не се разбирам многу во неа, но не треба да си политички образован за да можеш да процениш што се случува околу тебе и како политичарите заработуваат на сметка на нарадот, а покрај тоа се и главни актери кои се служат со лаги, купишта лаги. Нема добар политичар според мене, има само успешен и добро снаодлив и обратното од овие. Посебно сум засеганата со актуелниве случувања во мојов град. Сите знаат дека во Кичево победи партијата на ДУИ, а тоа во целата историја на нашиот град се нема случено-да победи партија од Албанска националност, освен во времето на комунизмот кога Албанец бил на некоја висока фунција. Од старт ќе кажам дека немам ништо против ниедна националност, ги почитувам сите подеднакво затоа што пред се и тие се луѓе од крв и месо, па мислам дека под ова парче земја сите треба да бидеме еднакви без разлика на било која националност да и припаѓаме. Но, за жал, не е се така розево кога се во прашање различните националности, знаеме колку само војни се воделе околу тоа, колку постоеле отсекогаш меѓуетнички конфликти и тензии, а постојат и денес и за жал во некои градови на Македонија се поизразени. Што да кажам следно, а да звучи можеби утешително за моите сограѓани? Последниве три дена се изначитав секакви статуси на фејсбук, слушнав секакви приказни и ставови поврзани со резултатите од последните избори, изјавите на лидерите на политичките партии, изјавата на премериот кој денес бил во посета на Кичево…Секако секој си има право на свое мислење, но многу се очигледни оние кои се под влијание на туѓото мислење и се однесуваат баш како што им се диктира место да го следат својот личен став. Најжално од се е што ако твоето мислење не се поклопува со мислењето на повеќето, се плашиш да го кажеш за да не бидеш осуден или исвиркан или во краен случај и истепан. Се изначитав и статуси на малолетници кои немаат право на глас, а се вмешани во политика и си дозволуваат жестото да плукаат и да напаѓаат изразувајќи го своето незадоволство. Се прашувам, што тие деца знаат воопшто од политика и дали ако ги прашаш кој бил првиот претседател на Македонија ќе знаат да ти одговорат, а од друга страна се прават експерти по социјаниве мрежи само за да покажат дека се во тек со настанаите, ајде ќе им опростиме дека се деца, но што да правиме со огорчените зрели луѓе кои користат несоодеветен речник за да го искажат својот револт? Очигледно е дека не знаат за култура, како ни во реален живот, така ни во виртуелниот, зошто виртуелниот свет е одраз на тоа какви сме ние во реалноста.
Да не должам уште многу, се случи тоа што се случи, сите незадоволни граѓани ќе мора да се помириме со тоа без разлика на која партија и припаѓаат, затоа што освен БЕЗБЕДНОСТ, МИР, СОЖИВОТ, СПОКОЈ, ДОБРИ ОДНОСИ во градот, не треба ништо повеќе да ни треба? Иако моментално не живеам во градот, гласав таму и секако дека сум засегната за тамошните случувања, затоа што речиси цела моја фамилија е таму. Каков и да е, тоа е мојот град, мал, несовршен, со многу нешта кои му фалат, но го сакам баш таков каков што е, совршено-несовршен, со многу маани, но и предности. Не би сакала сега да пишувам за него, можеби во некоја наредна прилика.
Во врска со тоа што ни требаа околу илјада и нешто гласови за да победиме, што може да се каже? Нека им е на чест на тие што не излегоа да го дадат и што не го искористија своето право на глас како слободни граѓани, туку останаа дома да се прашуваат и немо да посматраат што ќе се случи, не знам како не ги гризе совеста само сега. Нека им е на чест на тие што дозволија(ако навистина постоело нешто такво) за 300 евра да се продадат и да заокружат број  што во нормални услови не би го направиле и дозволија да бидат прелажани и измамени и што покажаа уште еднаш дека парите го вртат светот и дека тие им се на прво место, па после својата гордост. Ги жалам таквите кои не размислуваат со разум, него трчаат по богатсво и гледаат да ги задоволат своите материјани потреби. Не се прави партиор само преку нет или со тоа што си напишал статус на фејсбук три дена пред избори или по изборите, не се станува патриот со три месечно трчкање по штабови, не се сака земја само *по потреба, тоа се прави со душа, безрезервно цел живот. Не може некој што ја сака својата земја силно да дозволи да биде изманипулиран за ништо на светов! Се надевам дека следен пат ќе имаме можност да се поправиме и да си го вратиме сјајот на нашиот град. Се надевам дека македонското знамето повторно ќе се вее како и до сега и дека граѓаните на Кичево ќе имаат безбеден и мирен живот со добри односи со останатите сограѓани и дека се ќе се одвива во најдобар ред како и до сега. Сега е време да се покажат вистинските лица, да се види кого избрале граѓаните, па да се прави споредба. Ќе завршам со следново: не се станува Македонец преку ноќ, не можеш да ја засакаш својата земја, се раѓаш сакајќи ја и ако треба го даваш животот за неа – е тоа е партиотизам!

Поздрав до сите изреволтирани, намалете ги страстите, ништо нема да се постигне со тензии и препукувања, се што ни треба сега е само соработка.Image

Напишете коментар