Skip to content

Ледена кралица

Ладниот израз на лицето ги плашеше другите
Делуваше студено и далечно
Тој се плашеше да и пријде
за да не биде отфрлен
Нејзината навидум ладна страна
ги оттргнуваше момците од неа
А што ли се криеше позади тој скаменет израз
кој зрачеше со сериозност и ладнокрвност….
Тоа само таа го знаеше,
дефинитвно имаше нешто позади тој студен лик
нешто што ја притискаше и не ја оставаше да се насмее искрено.
Полуживата насмевка нејзин заштитен знак,
а нејзино средно име – сериозната
Дали навистина ледената кралица знаеше да сака искрено?
Дали ги потиснуваше емоциите само за да не биде повредена или со голема внимателност ги контролираше чувствата затоа што можеби нешто ја кочеше?
Прашањата лебдат во воздухот, а многу скршени срца кријат нејзините очи.

Ледената кралица, навидум ладна како мраз, а одвнатре топла како оган беше магнет за привлекување на машки погледи…

Напишете коментар