Skip to content

Патување во непознат правец

Ако ти кажат дека имаш можност да отпатуваш некаде во моментов каде би било тоа? Безразлика на твојот одговор, секако да претпоставиме дека тоа би можело да биде некоја егзотична дестинација или некое место кое никогаш го немаш посетено, но што е со духовното патување? Всушност, целиот наш живот е едно големо патување. И да не мрднеш надвор од границите на твојата земја, ти пак патуваш. Патуваш низ патеките што ти се сервирани кои често пати знаат да бидат трнливи и опасни, се боцкаш на трнчињата, ги прескокнуваш и патуваш, патуваш, патуваш – всушност живееш. Животните патишта се многу непредвидиливи од каде што доаѓа и самиот наслов. Знаеш ли добро кои се твоите цели и која е твојата крајна дестинација?

Image

Напишете коментар