Skip to content

Шарен свет

Блескаше сончко во полн сјај
синото небо и облакот бел,
од земјата нема никаде поубав рај
да се знае, да сфати овој свет цел.

Шаренило во боја,
на усните насмевка која
отвара железни врати
кој ја нема скапо ќе плати.

Рајска убавина има
овој шарен свет
и во лето и во зима
и со или без цвет.

Шарен свет во илјада бои
нека се прочујат песните мои.
Црни, бели, жолти, големи и мали
сите сме исти, се сложуваш дали?

И така настана
оваа едноставна песна
која не кажува многу,
но едно знај
животот не е секогаш песна лесна,
дал балада ил романса
со тажен или среќен крај
искористи ја својата шанса.

Напишете коментар