Skip to content

Погледни…

Image

Соочен со сите предизвици,
прогледуваш, замижуваш и
отвараш очи во еден поубав свет
и сфаќаш дека цел живот е
голем предизвик.
Отвораш четири очи и си претпазлив
повеќе од било кога.
Не дозволуваш истата грешка
да се случи пак.
Стануваш посилен
од било кога
и го вдишуваш животот со полни гради.
Чекориш поздравувајќи се со минатото,
со склучен договор со сегашноста
и отворена врата кон иднината.
Погледни
со широко отворени прозорци
и насмев што стоплува ледено срце.
Погледни
ќе видиш блескава убавина,
само ако сакаш да ја препознаеш.

Напишете коментар