Skip to content

Постојам

Додека дишам – постојам.
Постојам со причина.
Постојат причини кои ме одржуваат во живот.
Без нив јас не би била јас.
Ниту денот би ми бил исполнет.
Постојам овде и сега.
Безгранично размислувам
Го прифаќам секој предизвик
и ништо не ме плаши,
Она што ме повредува ме прави посилна.
Посилна за да продолжам да постојам.
Посилна во овој свет од шаренило и сивило.
Свет создаден од плач и насмев.
Деновите како јинг и јанг.
Спомените во црно и бело.
Денот и ноќта спротивни како север и југ.
Без спротивности би било здодевно.
Постојам за да ја пронајдам мојата цел.
Мојата цел не е случајна, таа има свој тек.
Свој почеток и крај, а дотогаш ќе дишам.

Напишете коментар