Skip to content

Писмо до ТЕБЕ

Драг ТИ, баш ти што го читаш ова. 
Не знам каде си и со кого, но знам дека ако го читаш ова си на вистинското место. 😉
Насмевни се. Не си сам. Секогаш има некој кој мисли на тебе.
Денес е Недела.
Отсекогаш ме потсетувала на заеднички ручек со семејството или ручек кај баба и дедо на село.
Но, оваа Недела, нема да биде таква.
Далеку од дома, Неделата повеќе не е тоа што беше.
Не знам ти како ја доживуваш, но сигурно има нешто во твојата меморија што е поврзано со овој ден.
Доста за деновите. 
Ајде сега малку пак да се вратиме на тебе. 
Затоа што си ТИ најважен.
Биди тоа што си и остани приземјен.
Биди природен и спонтан.
Уживај во секој ден од неделата, не само за викенд.
Исплачи се ако ти е тешко.
Излези надвор без разлика како се чувствуваш и насмевни му се на светот.
Прави работи кои те исполнуваат.
Следи го твоето срце, но разумот нека те води.
Читај, пеј, пополни го денот максимално.
Прави нешто корисно.
Биди горд на себе.
Никогаш немој да лажеш и да обвинуваш други за да постигнеш нешто.
Биди чесен и со чиста совест, за да можеш да имаш мирен сон.
Никогаш немој да ги навредуваш оние што ги сакаш, зошто еден ден многу ќе се каеш!
Биди забавен.
Изнуди насмевка на нечие тажно лице.
Грижи се за себе.
Сакај се себе.
Биди среќен и успешен.
Биди она што сакаш да бидеш.
Биди херој.
Биди човек.
Љуби.
Гушкај се.
Не прави работи за кои ќе се каеш, но и прави работи за да не се покаеш што не си ги направил.
Направи промена.
Сакај го животот!
Уживај во природата.
Искористи го секој миг.

Ништо друго не ми преостанува, освен ТЕБЕ драг читателу да ти посакам пријатен викенд и успешна работна недела.Image

Напишете коментар