Skip to content

Сам во ноќта тивка

Сам сум во ноќта тивка
го слушам гласот кој ми го шепоти твоето име.

Сам сум во ноќта тивка,
размислувам за нас.

Сама си во ноќта тивка.
го слушаш чукањето на твоето срце
кое чука за мене и го изговара моето име.

Сама си во ноќва тивка,
веројатно размислуваш за нас.

Како да ти се приближам?

Со колкава храброст треба да се наоружам
и да се појавам пред тебе и да ти се отворам?

Како да не бидам повреден?

Се плашам од твојата реакција иако
знам дека длабоко во себе
и ти ме сонуваш.

Сам сум во ноќва тивка,
а во мене тлее љубовта.

Ќе сакаш ли да бидеш мојата љубов?

И пред да ми одговриш, да знаеш дека
ми ги окупира мислите,
поприсутна си од твоето отсуство и не е клише,
туку е чиста вистина, а ти како сакаш сфати ме.

Сакаш да бидеш моја? – се праша во своите мисли
и продолжи да ја бара во соништата.

Напишете коментар