Skip to content

Светски ден на книгата/World Book Day

Навидум ист ден како и сите други, но многу значаен во книжевноста.

Сакај ја книгата, сакај го пишаниот збор!
Само тој што чита може да ја разбере љубовта кон книгите!

Секоја книга има своја приказна, свое минато, свој почеток и крај.

Да не дозволиме денешната напредна технологија да го уништи пишаниот збор или да ја намали неговата вредност.
Книгите да не се заменуваат со компјутери, затоа што магијата кога читаш со книга во рака и кога читаш од компјутерски екран не е иста! Знам дека повеќето се согласуваат со ова иако електронските книги од една страна треба да постојат, но само за оние книги кои не се достапни.

Повеќе читај, помалку зборувај!

Задлабочувањето во светот на книгата ти помага барем за неколку часа да заборавиш на себе, на сите проблеми и прашања и грижи кои те мачат. Ги сознаваш другите култури, учиш нови работи, со еден збор стануваш БОГАТ. Духовно си побогат со секоја прочитана книга, со секоја нова страница се нурнуваш во светот на главните јунаци, а некогаш посакуваш да си на местото на некој омилен лик од книгата.

Толку многу книги, толку малку време!

Само страстните љубители на книгите сакаат да имаат повеќе време за читање и сакаат голем дел од времето да го поминуваат со книгата во рака под топло ќебенце.

Кои наслови да ги одберам?

Безразлика што ќе земете за читање, несомнено тоа ќе биде добар избор, зошто нема лоши книги. Има само книги кои повеќе ќе ви се допаднат или помалку, кои повеќе ќе ви го задржат вниманието или помалку, оние кои ќе ги прочитате за побрзо време затоа што ви се интересни и оние помалку интересните сепак ќе ги прочитате затоа што сте нестрпливи да го прочитате крајот иако книгата не ви е баш интересна.

Нема лоши книги!

Книгата никогаш нема да те предаде!
Книгата може да ти биде најдобар пријател!

С екогаш кога мислиш дека си сам-НЕ СИ, книгата е до тебе!
А ко читаш, ќе станеш духовно побогат.
К ога и да мислиш дека нема што да правиш-ЗЕМИ ЧИТАЈ!
А ко читаш, животот ќе ти биде поинтересен.
Ј азикот на кој зборуваат книгите треба да знаеш да го разбереш!

Т реба секој да има домашна библиотека!
Е дна книга-илјада зборови!

Г олема љубов
И мајте љубов кон пишаниот збор, да не дозволиме да изумре!

К ога мислиш дека животот те изиграл, земи книга, ќе ти помине!
Н икогаш не престанувај да читаш!
И тогаш кога ќе бидеш стар и бел, не се збогувај со читањето!
Г ледај да прочиташ повеќе книги пред да станеш родител!
И мај убави моменти со твојата книга.
Т воите моменти кои ги споделуваш со книгата се непроценливи!
Е динствена и голема е љубовта кон книгите!

Image

Напишете коментар