Skip to content

Што направи?

Што направи ТИ
со тој твој поглед кој
ми одзема здив одново и одново,
ми кажува дека ти требам
како небото птици,
како детето мајка,
како животот надеж,
како човекот воздух,
како плажата песок.
Секое парче од моево тело
нека ти припадне,
окупирај го и заслужи го
како војник битката,
како спортист победата.
И кога утрото ќе дојде на повидок
спомни ме,
кога ноќта тивко ќе се спушти
помоли се за нас и посакај ме.

Напишете коментар