Skip to content

Огледало

Еден поглед во огледало
што гледаш во него?
Очи полни надеж,
усни сочни за бакнеж,
гледаш ли убавина?
Очи полни светови,
има ли место за мене во твојот свет?
Очи полни љубов,
на кому му припаѓаш?
Еден поглед во огледало
и ќе видиш кој си,
кој сакаш да бидеш,
ќе ме видиш мене,
некаде во далечините,
како те довикувам,
за да ги споиме световите
и во огледалото да се видиме
НИЕ.
download

 

Напишете коментар