Skip to content

Еден ден

Еден ден ќе се сетиш на мене. Сеќавајќи се на мене и моите зборови. Моите зборови ќе ти одекнуваат во мислите. Во мислите ќе ме довикуваш повторно. Повторно ќе сакаш да ме видиш, но тогаш ќе бидам со друг. Кога ќе ме видиш ќе те здоболи, покрај мене ќе чекори друг место тебе. Ќе те здоболи како мене што ме болеше моментот кога сфатив дека почнувам да те губам. Замина без причина, што е можеби подобро зошто можеше да заврши уште полошо. Ми должиш објаснување, но немав храброст да те побарам – гордоста не ми дозволуваше. Сега веќе не сакам објаснувања, не знам ни дали сакам и имам сили да те ислушам, исчезна. Како што исчезна од мојов живот исчезна и од срцево. Дозволи кратко да траеме, се прашувам ако цело време ти била таква намерата, зошто воопшто почнувавме нешто. За да не боли? За да пополниш време кога ти е досадно и после тоа да ти текне дека и јас сум ти здодеала? Или за да ти се зголеми бројката? Која и да била причината ти ја знаеш најдобро. Мене повеќе не ме интересира. Денот кога ќе се сетиш на мене силно ќе ти недостигам, но ќе биде касно.

download (1)

Напишете коментар