Skip to content

Дожд од солзи

Врнеше, истураше дожд

кој и ја наводени перницата,

како небото да се отворило

во нејзините очи

врнеше дожд од солзи.

Проклето ја болеше

нанесената рана,

свежа како утринска роса

која не и даваше сон.

Несоницата ја придружуваше

и оваа долга ноќ

таа посака да исчезне,

да се претвори во пепел

и никогаш повеќе да не слушне за него.

Внатрешниот глас ѝ рече:

„никој не е повреден од тебе“

и тогаш ѝ стана кристално јасно

дека е време да го заборави

и да ја залечи раната.

Напишете коментар