Skip to content

Замисли

imagine_peace_by_mcullenhightopp-d4fnfxf

Замисли еден поубав свет од овој
каде што не постојат пари, оружје и злоба
каде што секое плаќање ќе беше една прегратка
замисли колку ќе беше животот потопол и посреќен.

Замисли еден совршен ден
кога сонцето силно свети и ти го милува лицето
кога сечие лице е исполнето со блескава насмевка
кога солзите не се воопшто присутни.

Замисли еден совршена вечер
кога единствен звук во ноќта е дишењето на твојот сакан
кога го гледаш како слатко спие во мирен сон,
а ти му се заблагодаруваш на животот за среќата.

Замисли недопрена природа
каде секој цвет има своја душа и ти раскажува приказна,
каде секое дрво си има своја историја
каде секоја птица пее своја песна.

Замисли утро без грижи,
ден без проблеми и спокојна ноќ,
зарем секој не го посакува тоа?
Посакај го и ти и обиди се да го оствариш!

Напишете коментар