Skip to content

Во мислите пак ми спиеш ти

moon

Денот кога ќе престанам да мислам на тебе ќе значи дека сум те преболела. Повторно тишина, месечината бдее над мојот прозорец, а јас лежам на креветот и ја посматрам. Таа е толку убава. Блеска со нејзината полнозрачност, таа им е мајка на сите ѕвезди на небото. Со ноќта се буди, а со денот заспива. Така и оваа ноќ стуткана на креветот размислувам за нас. Каде згрешивме? Многу добро знам каде беше грешката, но сега како да е касно да ја анализирам и да ја мислам. Би ти дала втора шанса доколку се покаеш и се извиниш, но повеќе од тоа нема да можам. Не мразам никого. Всушност и на непријателите(да и јас имам такви натрапници, денес не постои човек кој нема непријатели) не им посакувам најлошо, не па на момчето кое сум го љубела. Ти посакав да се вљубиш како никогаш до сега, но не во мене. А, таа која што ќе ја сакаш како што требаше да ме сакаш мене нека ти заврти грб, чисто да ја почувствуваш болката која ја носи со себе љубовта. Впрочем, каква би била таа љубов ако не боли? Не бев вљубена во тебе, но бев изненадена и три пати повеќе воодушевена од сознанието дека конечно најдов некој кој што ќе ме смее, некој со кој можам да бидам своја, некој со кој ќе можам да мечтаам и сонувам, некој кој знае да ме ислуша и кој знае да ми каже дека време е да молчам. Ти беше тој, можеби бев на работ да се вљубам силно и да му се предадам на човекот кој ми го разубави животот, но ти смени сѐ. Кога работите течеа како подмачкани, кога помислив дека напредуваме и сме чекор понапред, се случи најнеочекуваното нешто. Барем да не даваше лажна надеж, ах сега кога ќе помислам не знам ни воопшто што си мислел. Не знам колку ти била ситуацијата комплицирана, но немаш оправдување за кукавичкиот потег. Жалам, мене ми треба некој храбар кој знае што сака и знае да ме зачува. И повторно си ми во мислите, но сега чувствата се избледени, сепак ќе ги зачувам само најубавите спомени и со насмевка ќе се сеќавам на нив. Во мислите ми спиеш ти, но време е да те разбудам и да те испратам можеби, а можеби и не. Додека го слушам пијаното како свири во позадина ме галат нежните ноти и ме потсетуваат на твоите допири. Сега можеби некоја друга ја допираш, сеедно. Во мислите ќе ти заспијам јас денот кога ќе ме посакаш назад и ќе се трудиш да ме избркаш од таму, но не знам колку ќе ти успее. Во мислите ми спиеш ти, но мислам дека е време да се вратиш во твојот кревет.

 

Напишете коментар