Skip to content

„Записите за Џозефина“ (1)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Сомнежот присутен секоја ноќ
не ѝ даваше мир,
а нејзината мисла имаше огромна моќ
која честопати ја оставаше будна до раните зори.
Немирот како да беше вдахнат во неа
па со секоја издишка ѝ стануваше потешко,
но таа не се предаваше, го предизвика на двобој
за конечно да си го врати својот спокој.
Можеш ти да се справиш ѝ шепкаше внатрешниот глас,
а таа како да ја бараше последната сламка спас.
Мудра девојка беше Џозефина ,
со ледено срце и скршена насмевка
или ледена насмевка и скршено срце,
борец кој не ја предава битката толку лесно.
Како дете искрена, со скапа искреност
со одмерение кога да ја премолчи вистината,
со топла душа и детска невиност,
со бистри мисли и потиснати емоции.
Спомените ѝ ги исполнуваа нејзините мисли
не сакаше да живее од нив,
сакаше да прави нови, некои поубави,
а некои како тие исти.
Умешно се справуваше со секој предизвик
зборовите беа нејзино најсилно оружје,
секогаш го викаше разумот на повик,
а тој никогаш не ја изневери.
Имаше чудна енергија која пленеше насекаде
кај и да поминеше беше забележана
погледи од секој знаеше да украде
и нејзината добрина беше во срцата на другите врежана.

Напишете коментар