Skip to content

„Записите за Џозефина“ (4)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Сончевите зраци се прекршуваа во нејзините очи
додека со погледот ја милуваше пеперутката
која ѝ беше единствен придружник.
И се восхитуваше неизмерно многу,
се прашуваше како тој инсект може слободно да лета
и одеднаш во нечија дланка да слета.
Посакуваше да биде полетна како шарената пеперутка,
секаде да оди кога ќе посака и да рече в час:
„слободна сум и лесна како пердув јас“.
Ја зеде на нејзината дланка и помисли
летај пеперутке ти во тој небесен шир
и на сите мои сакани донеси им мир!
Девојка која ја сакаше слободата повеќе од сѐ,
која високо ја вреднуваше искреноста,
а на лагата не и оставаше ни малку простор
девојка со скапа искреност и огромни идеали –Џозефина!
Девојка која никогаш не беше осамена,
дури ни кога беше потполно сама,
одлично се забавуваше со своите мисли,
не можеше да посака подобар придружник
од самата себе – Џозефина!
Совршено-несовршена, со сите маани
кои ја правеа целосна и комплетна,
со сите вредности и доблести кои ја красеа,
ја правеа да биде тоа што беше – Џозефина!
Тоа што беше, а не тоа што требаше да биде,
таа беше тоа што треба во секој минат и иден миг
таа стануваше потреба, гордост, радост и мотив
секогаш се претвораше во она што треба во совршен момент.
Тоа што беше, а не тоа што требаше да биде,
таа беше причината поради која многу машки остануваа без зборови,
а многу женски ја озборуваа,
причина поради која беа скршени многу срца,
причина поради која многумина остануваа без сон.
Џозефина, битие со душа како море,
во еден момент можеше да напрви бран и да создаде бура од емоции како осека,
додека во друг се повлекуваше и беше мирна како плима.
Џозефина, битие со лице како огледало,
кога ќе ја погледнеш во очи како да се гледаш себе,
како да можеш да го прочиташ целиот твој жиот
во нејзиниот поглед, само ако ти дозволеше.
Џозефина, битие кое плени и воодушевува,
истворемено како ден и ноќ можеше да биде таа,
некогаш мека како памук, а некогаш цврста како карпа.
Џозефина, сон на секоја младост,
спомен на секоја старост,
желба за секое годишно време,
храна од која сакаш да се насладуваш,
вино од кое сакаш да пиеш.
Едноставна и исто толку комплицирана,
нежна, а исто толку и дрска,
плашлива, но дупло похрабра,
слаба, но десет пати посилна,
една и единствена – Џозефина.

Напишете коментар