Skip to content

На чекор до успехот

 

Патека која
чека да биде изодена,
ќе чекориш цврсто или
ќе се предадеш?

Цел која
чека да биде остварена,
ќе ја исполниш или
ќе се откажеш?

Одрекувања,
колку минути
напорна работа
ти вредат?

Амбиција која
чека да ја искористиш,
ќе ја насочуваш правилно
или во погрешен правец?

Одрекувања
колку непроспани ноќи
и будни утра
ти вредат?

Стремеж кој
чека да го насочиш,
ќе го употребиш правилно
или ќе го снема?

Одрекувања
колку копнежи
и неостварени желби
ти вредат?

Напишете коментар