Skip to content

„Записите за Џозефина“ (23)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Чекорејќи по патеката живот наречена
секогаш со најубавата насмевка облечена,
насмеј се, ќе помине нејзина девиза
знаеше дека ниеден ден нема реприза.

Чекорејќи по патеката живот наречена
сакаше со неговиот мирис да биде облечена,
да ги спојат световите два сакаше
нејзе долго не ѝ се чекаше.

Чекорејќи по патеката на среќата
ништо повеќе не сакаше,
само мир, здравје и љубов посакуваше
и среќата во секое срце да се вселуваше.

Чекорејќи по патеката на успехот
одеше по вистински пат,
чекорот нејзин ќе го следи
само оној кој вистински вреди!

Напишете коментар