Skip to content

„Записите за Џозефина“ (26)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Таа која криеше цели светови,
таа во чиј поглед спиеше тој
таа која криеше цели загатки
му го освои срцето.
Таа која беше своја,
таа која не се срамеше да биде тоа што беше
таа која беше своја
сакаше да се нарече „твоја“.
Таа која се смееше,
таа со бисерната насмевка
таа која се смееше
сакаше да биде причина за неговата среќа.
Таа која скришно плачеше,
таа која секој ден беше похрабра
таа која скришно плачеше
некогаш од тага, некогаш од среќа.
Таа која беше компилицирана
таа која беше исто толку едноставна
таа која беше комплицирана
знаеше да ти го разубави животот.
Таа која не сакаше разделби,
таа која секое збогум ја болеше
таа која не сакаше разделби
мораше да се опрости од некои луѓе засекогаш.
Таа која тој ја обожаваше,
таа која беше магнет за машки погледи
таа која тој ја обожаваше
беше причина за многу непроспани ноќи.
Таа која тој ја посакуваше,
таа која му го украде срцето
таа која тој ја посакуваше
беше чест посетител во неговите мисли.

Напишете коментар