Skip to content

„Записите за Џозефина“ (37)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Остани. Шепотеше Џозефина.
Беше свртен со грб
и не можеше да му го види ликот,
но сигурна беше дека тоа беше тој.
Направи еден чекор понапред,
таа го држеше за рака
обидувајќи се да го прати
неговото движење,
му викаше да не си оди,
а тој полека се оддалечуваше.
Таа беше скршена.
Како некој да ја прободел со нож,
како да беше ранета птица,
клекна на земјата и почна силно да плаче,
тогаш почна да истура силен дожд
како да сакаше да ѝ каже дека не е сама,
дека и тој ја дели истата болка.
Се разбуди среде ноќ.
Сфати дека било само сон.
Како да ѝ падна камен од срце,
се ослободи и почна да го запишува сонот.
Имаше таква навика
да ги запишува соништата што ги памтеше,
за после тоа да им го открие значењето.
Не беше сигурна
кого го преколнуваше
да не си оди,
но еднаш ѝ имаа кажано
дека се случува обратно
од она коешто ќе го сониш.
Се надеваше дека ќе биде така.
Не беше спремна да изгуби никого,
најмалку него,
кого најпосле го најде.
Остана будна долго време,
ги набљудуваше ѕвездите,
уживаше во тишината на ноќта,
го дочека изгрејсонцето,
и тогаш заспа.
Ја разбуди звукот од телефонот.
Тоа беше тој.
Ја побарал само за да ѝ го слушне гласот.
Еден повик беше доволен
за денот да ѝ се разубави.
Насмевка ѝ се нацрта на лицето,
одеднаш светот ѝ се виде
магичен, блескав
и полн со шанси.
Сакаше максимално
да ја искористи
единствената шанса
која ѝ беше дадена од родителите,
шанса која не ја побара сама,
шанса која ѝ припаѓаше,
шанса да живее,
а тоа ѝ беше доволно.
Беше жива.
Вдишуваше и издишуваше
и со секој нареден момент
беше поблиску
до остварување на своите соништа.

Напишете коментар