Skip to content

Шепотот на ноќта

images (1)
Ѕвездите ќе заблескаат
во полн сјај,
месечината ќе се насели
високо горе на небото,
а ти само ќе помислиш
на личноста која ти го краде сонот.

Како чувар на ноќта
кому единствен другар
му е тишината
седам сама покрај каминот
и уживам во темнината
која ме оспокојува.

Танцот на ноќните светулки
придружен од звукот на самотијата
ја разгалува сечија заљубена душа,
допирајќи во длабочините,
освојувајќи ги скриените светови
владеејќи со ритамот на ноќта.

Ќе го откриеш мојот свет
само кога ќе ја разбереш мојата тишина,
а кога ноќта ќе падне
помисли на мене барем еднаш
и ќе видиш како една ѕвезда паѓа
таа е ѕвездата која не поврзува.

Напишете коментар