Skip to content

„Записите за Џозефина“ (44)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Ја сакаше ноќта.
Го сакаше него.
Неговиот глас сакаше да го слуша.
Сакаше да го слуша додека ѝ раскажува делови од неговиот живот.
Неговиот живот беше таа.
Таа го сакаше безрезервно.
Безрезервно ѝ веруваше.
Веруваше во среќен живот.
Среќен живот сакаат да имаат заедно.
Заедно беа посилни.
Посилни  од сè.
Сè што ќе наумеше го остваруваше.
Го остваруваше својот сон.
Својот сон беше потполно реален.
Реален беше и нејзиниот труд.
Нејзиниот труд ќе ја однесе далеку.
Далеку ќе стигне ако го живее сонот.
Го живее сонот кој отсекогаш го сонувала.
Го сонувала најсреќниот момент во нејзиниот живот.
Нејзиниот живот неиспишан роман.
Неиспишан роман кој треба да се напише.
Да се напише љубовна приказна не е тешко.
Не е тешко да сакаш.
Да сакаш и да постоиш.
Да постоиш со цел и да откриеш која е таа.
Која е таа која ти го краде сонот?

Напишете коментар