Skip to content

„Записите за Џозефина“ (47)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Ја слушаше музиката на сопственото срце,
таа мелодија која со секое отчукување
стануваше сè попријатна ѝ звучеше нестварно.
Беше диригент на својот свет,
умешно управуваше со секоја нота,
имаше исклучително изострен слух
и талент да го гледа најдоброто во секого.
Убавините се насекаде,
ако знаеш да ги препознаеш,
често знаеше да рече,
а не беше свесна во потполност
колку убавина поседува самата.
Затоа беше тука тој,
да ја потсети колку е убава,
најубава во неговите очи,
секоја нејзина маана
за него беше причина
да ја почитува уште повеќе,
да ѝ се восхитува на храброста
и умешноста во она што го правеше.
Танцот на ѕвездите ја потсетуваше
дека ноќта оди заедно со нив
и се нераскинлив дел
од секое небо,
секогаш и секаде,
на било кое место,
безралика од каде ги посматрате
ѕвездите и небото,
ќе ја видите истата онаа убавина,
светлината со која зрачат,
песната која ја пејат
и танцот кој го играат секогаш
пред да склопиме очи.

Напишете коментар