Skip to content

„Записите за Џозефина“ (61)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Седеше на плажата
со поглед занесен во далечините,
зраците ѝ го милуваа
секое делче од нејзиното тело
додека тивкиот ветар
нежно ѝ ја галеше косата
чии прамени се нишаа
во неговиот ритам.
Мирното море како да го отсликуваше
нејзиниот спокој,
кристално јасно беше
дека таа припаѓа тука.
Чувство на спокој ја обземаше
секогаш кога ќе го слушнеше
звукот на брановите што плискаа на брегот,
а поубаво чувство не постоеше,
беше слично на она
кога лежи во негова прегратка
и му го слуша срцебиењето,
само со тоа чувство можеше да се спореди.
Си го слушаше сопственото дишење
кога лежеше над водата,
му се препушташе на морето
со погледот насочен кон синото небо,
тоа беше уште еден момент на спокој.
Мирисот на солена вода,
песокта под нејзините нозе,
сите звуци на природата
и одблесокот на сонцето
не можеа да се споредат со ништо.
Го дочекуваше зајдисонцето
и го испраќаше денот
за да може да ја дочека ноќта
како совршено се спушташе
и правеше сè да изгледа магично.
Ја сакаше ноќта,
го сакаше одблесокот на ѕвездите
и сиот нивен сјај,
можеше со часови да ги набљудува
и да не ѝ стане здодевно.
Често знаеше да рече дека
кога ќе погледнеш во ѕвездите
ако помислиш на некоја личност
што не е до тебе во моментот,
таа личност многу ти недостига
и има посебно место во твојот живот.
Знаеше дека ова е вистина,
затоа што веруваше дека е така,
не можеше да биде поинаку.
Џозефина знаеше дека
сè ќе си дојде на свое место,
не смееше да биде поинаку.
Затоа што крајно време беше
да се склопат деловите од сложувалката
и сонцето да огрее уште посилно.

Напишете коментар