Skip to content

Таа црташе виножито во есен

watching-the-earth-fluorescent-rainbow-drawing-o-privire-indreptata-spre-planeta-pamant-desen-cu-curcubeu-fluorescent

Светлина проникна низ слабо подотоворените ролетни и влезе во нејзината соба. Утрото си го најави доаѓањето уште пред да ѝ заѕвони будилникот, а таа се разбуди пред него. Го надитри, го чекаше да ги испушти своите звуци кои секогаш звучеа ужасно и беа толку бучни, но сега не ѝ пречеше тоа, за промена. Беше некаде одлетана со мислите, чиниш времето за неа беше запрено, ама некогашниот ужасен звук сега звучеше многу поинаку, беше поднослив, па се запраша самата зошто толку го мразела. Наскоро ќе дознае, си велеше, си го подготви утринскиот чај, го зеде пенкалото во рака и почна да го пишува планот за престојниот ден. Никогаш не ѝ беше досадно, дури и кога седеше на едно место и гледаше во една точка, таа одлично се забавуваше со своите мисли кои некогаш знаеја да ја измачуваат. Ретки беа моментите кога дозволуваше сопствените мисли да ја обземат и да ја доведат до грижи, но и тогаш успешно се контролираше и наоѓаше решенија. Есента дојде и во нејзиниот крај и ѝ го обои животот во магични бои. Таа вешто ги употреби боите и почна да црта виножито во секој тмурен и мрачен ден обидувајќи се да им измами насмевки на лицата околу неа. Секој тон го одмеруваше убаво, внимателно одбирајќи ги боите, вистинските бои, успешно создаваше ремек-дела. Всушност, посматрајќи ја од далеку, лесно можеше да се забележи дека таа и самата претставуваше ремек-дело на природата кое тешко може да се повтори, дури и кога намерно би се создавало, таква совршена несовршеност двапати не можеше да создаде мајка природа. Лутајќи со мислите ѝ светна една идеја: „Време е да ги бојам сопствените денови“!

Напишете коментар