Skip to content

Убиец на спомени

Убиј ги спомените пред тие да те убијат тебе,
закопај ги длабоко
да не те најдат,
да не болат.
Изми ја душата со солза,
па нахрани ја со насмев.
Вдиши го „утре“, издиши го „вчера“
и утре пак.
Молчиш пред вистината,
а ја величиш лагата,
заробен во својата замка
живееш во свет на илузија.
Ја отфрлаш реалноста,
градиш своја.
Ја прифаќаш темнината
затоа што светлината е во тебе.
Едно нема – за друго да се роди,
едно трае,
и друго е тука.

Напишете коментар