Skip to content

Ти си како многумина или малкумина?

Остатокот ќе нè допре сите.
Производ кој стигнува покасно,
последица од минатото.
Толку многу, а малку време.
Многу избор, а малку пари.
Многу луѓе, малку човечност.
Многу лаги, малку искреност.
И пак кажи дека не те допира.
Многу луѓе, малку чесност.
Многу лаги, малку вистина.
Многумина зборуваат, малкумина слушаат.
Многумина постојат, малкумина живеат.
Многумина гледаат, малкумина прогледуваат.
Многумина брзаат, малкумина бавно чекорат.
Многумина се смеат, малкумина се вистински среќни.
Многумина љубат, малкумина вистински од срце.
Многумина сакаат промена, малкумина само почнуваат од себе.
Многумина се вработени, малкумина работат.
Многумина патуваат, малкумина патуваат и во фантазиите.
Многумина се несреќни, малкумина тоа го признаваат.
Многумина се каат, малкумина се помириле со реалноста.
Многумина сакаат лесна заработка, малкумина заработуваат без пот.
Многумина немаат што да изгубат, малкумина изгубиле сѐ што имале.
Многумина се осамени, малкумина вистински се сами.
Многумина умираат, малкумина остануваат живи и по смртта.
Многумина слушаат музика, малкумина ја разбираат.
Многумина се уметници, малкумина го откриваат тоа.
Многумина се заедно, малкумина се борат за да останат.
Многумина сакаат мир, малкумина се трудат да го постигнат.
Многумина се плашат од темница, малкумина уживаат во неа.
Многумина повредуваат, малкумина закрепнуваат од повредите.
Многумина спијат, а малкумина не спијат поради некој од нив.
Многумина сонуваат, малкумина ги остваруваат своите соништа.
Многумина се борат, малкумина победуваат.
Многумина јадат, малкумина не се што умираат од глад.
Многумина учат, малкумина разбираат.
Многумина се лакоми, малкумина задоволни од тоа што го имаат.
Многумина се силни на збор, малкумина од нив на дело.
Многумина се прават храбри, малкумина се што признаваат дека не се.
Многумина се ранливи, малкумина се носат со раните.
Многумина се живи, малкумина од нив живеат.

il_fullxfull-777699906_7mzz

Напишете коментар