Skip to content

Што (о)стана од тебе?

Стануваш патник.
Ги собираш сеќавањата
во една кутија која ја носиш
насекаде со себе.
Ги собираш и спомените
во еден огромен куфер
кој го чуваш сигурно заклучен
и само во посебни моменти
се случува да го отклучиш
кога осаменоста ќе те стигне
или кога еуфоријата е толку голема
па се присетуваш на убавите моменти.
Стануваш селекционер.
Внимателно ги одбираш луѓето
кои ќе бидат дел од твојот живот,
а со исто толкава внимателност
ги селектираш оние за кои
нема повеќе место во него.
Ги одбираш и патиштата по кои ќе чекориш,
наидуваш на препрека,
па одбираш на кој начин ќе ја надминеш.
Стануваш заштитник.
На своето време и здравје
зошто знаеш дека едното не се враќа,
а другото ако го изгубиш
некогаш и тешко можеш да го вратиш назад.
И тогаш свесен за себе
и за сите нешта кои си бил,
за сите нешта кои си станал
и ќе станеш,
му се радуваш на секој нов ден
зошто токму деновите кои поминале
и деновите кои ќе следат
ти го овозможуваат тоа!

Напишете коментар