Skip to content

„Записите за Џозефина (77)“

large

Кога мислиш дека не можеш повеќе да ја сакаш,
тогаш си го потврдуваш спротивното
прашувајќи се себе
од каде се собрала толку љубов во тебе.
Сфаќаш дека таа ја буди во тебе
покажувајќи ти колку е убав секој ден,
за да му се радуваш
и за да го славиш.
Дождот те потсетуваше на неа,
зошто секогаш кога паѓаше
посакуваше да е до тебе
за заедно да го слушате неговото паѓање.
Кога мислиш дека денот  кога нема да ја видиш
е залудно потрошен ден,
знаеш дека секоја секунда помината со неа
е бесценета.

Напишете коментар