Skip to content

Викај ме инсомнија!

Ти доаѓам во ноќите
станувам крадец на твојот сон,
ти ги окупирам мислите,
станувам чувар на ноќта
во која сакаш да ме има
и ужасно сакаш да ме нема
за да можеш да заспиеш,
но безнадежно.
Секој обид да ме победиш
ти е неуспешен
и води до еден циклус со име:
„повторно ти“,
и штом ќе помислиш
„ја победив“
те убедувам во спротивното.
Ти доаѓам во ноќите
станувам мачител
ти будам изнемоштеност
станувам чувар на ноќта
во која сакаш мир
и ужасно сакаш да го има,
за да можеш да бидеш спокоен,
но безуспешно.
Секој обид да ме надминеш
е неуспешен
и води до една мисла:
„зарем пак?“
и штом ќе помислиш
„утре ќе биде поинаку“
те убедувам во спротивното.

Напишете коментар