Skip to content

Колку рани ти крвари срцето?

Еднаш не те допираше ништо,
облечен во наивност и добрина
со крвави колена и модрици на рацете
тогаш не знаеше што те очекува.
Да знаеше во што ќе се впуштиш,
да знаеше како можело сѐ да те допира,
да ја знаеше суровоста на возрасните
тогаш немаше да ти се брза да пораснеш.
Еднаш ja запозна злобата во луѓето,
прашувајќи се до каде може да стигне,
и се покаја што ја предизвика
зошто нејзе ѝ немаше крај.
Тогаш ти беше жал за целиот човеков род,
а за себеси воопшто,
зошто крвавите колена заздравија,
модриците ги снема,
ама сега срцето ти крвареше.
И таквите рани тешко заздравуваа,
беа речиси неизлечливи,
но те правеа жив
и истовремено мртов.
И таквите рани тешко се забораваа
беа речиси незаборавни,
но те потсетуваа да бидеш силен
правејќи те слаб.
И ќе постојат додека срцето ти чука,
но нема да болат како кога се свежи,
еден ден ќе бидат закопани толку длабоко,
а ќе ги чувствуваш само кога ќе се потсетуваш.
Кога ќе се потсетиш на мајчинската прегратка
и нејзината топла рака како те гали по лицето,
на зборовите од татко ти кога не ги разбираше доволно,
на мирисот на Неделниот ручек
кои ги нема повеќе.
Кога ќе се потсетиш на пропуштените шанси
и сите одлуки кои не си ги донел во вистинско време
на сите твои двоумења и колебања
и на грешките кои ненамерно си ги направил
си опростуваш, но раната потсетува дека некогаш те болело.
И знаеш дека си живеел,
срцето може да крвари сѐ додека чука
и раните престануваат да болат,
сѐ е добро додека чука.
Срце рането,
можеби крварело често,
но во себе ја збрало
сета љубов на овоземскиот свет.

Напишете коментар