Skip to content

Записите за Џозефина (82)

large

О, Џозефино летна убавице,
ти која ги огреваш туѓите денови,
ти која растеруваш темни облаци,
ти која сееш топлина во душите.
О, Џозефино есенска кралице,
ти која ги обојуваш часовите
ти која ги позлатуваш разговорите,
ти која танцуваш со лисјата,
ти која сееш шаренило во душите.
О, Џозефино зимска божице,
ти која стоплуваш ладни дланки,
ти која смрзнуваш здивови,
ти која претвораш во лед улици,
ти која стопираш снежни виулици!
О, Џозефино пролетна предвесничке,
ти која ја најавуваш пролетта,
ти која ја бркаш зимата,
ти која ги носиш цвеќињата,
ти која го најавуваш летото.
О, Џозефино ти чудесен створу,
во кое време и да се престориш,
во кој облик и да постоиш,
во чие срце и да си скриена,
во себе носиш светлина.
О, Џозефино ти страдалничке
во кој вир ги лееш солзите
во кој облик ги претвараш
во колку болни насмевки страдаш
во чии раце воскреснуваш?

Напишете коментар