Skip to content

Записите за Џозефина (85)

large

 

Во радоста скриена во нејзините очи
ќе ја спознаеш тагата која била присутна претходно,
во моќта на нејзините зборови
ќе ја препознаеш безначајноста на сѐ останато.

Во радоста во нејзините очи
ќе ја спознаеш детската искреност,
во моќта на нејзините зборови
ќе ја препознаеш вредноста на молчењето.

Допирајќи ѝ го лицето
ќе допреш цели светови,
мазнејќи ѝ ги цртите
ќе ги пополнеш празнините
кои брчките еден ден ќе ги пополнат.

Допирајќи ѝ го лицето
ѝ допираш дел од спомените
кои се скриени во дупчињата на нејзините образи,
а ти ги оживуваш
и создаваш нови.

Допирајќи ѝ го лицето
ќе допреш топлина,
мазнејќи ѝ ги цртите
ќе ги наполниш изворите
со твоите сочни бакнежи.

Напишете коментар