Skip to content

Записите за Џозефина (87)

large

Џозефина

Никој не љубеше подобро од неа,
никој не беше поупорен од неа,
никој не беше посветен повеќе од неа,
никој не стоеше на збор како неа.

Никој како неа
не умееше да сака,
никој како неа
не умееше да те допре,
никој како неа
не умееше да те прави жив,
никој како неа
не умееше да те насмее.

Никој немаше толку чиста душа,
никој немаше толкава сила,
никој немаше таква храброст,
никој немаше таква смелост.

Никој како неа
не можеше да те гледа,
никој како неа
не можеше да те слуша,
никој како неа
не можеше да те храбри,
никој како неа
не можеше да те чува.

Напишете коментар