Skip to content

Записите за Џозефина (89)

large

Џозефина

Во собата со поглед кон море,
се криеја тајни кои само вљубените ги знаеја,
се криеја воздишки и безброј страсти,
макар и во замислената соба
која сигурно некаде постои
и ги чека нив двајца,
за тие да ја напишат нивната историја во неа,
и да го насочат погледот кон морето
кое сега беше мирно, а некогаш разбранувано.

Во собата со поглед кон море,
се криеја илјадници странци кои постануваа блиски,
се криеја приказни од нови спомени,
макар и биле болни
приказните постоеја
и чекаа да бидат раскажувани,
за да можат да бидат слушнати
и  да бидат прераскажувани
од поколение на поколение.

Во собата со поглед кон море,
се криеја височини кои чекаа да бидат дофатени,
се криеја далечини кои чекаа да бидат откриени,
макар и само на сон,
а штом се сонуваа,
можеа да бидат и јаве,
за да можат да станат реалност
и да бидат слатки вистини.

Во собата со поглед кон море,
лежеа двајца.

Во собата со поглед кон море,
се чувствуваше неопислив спокој.

Напишете коментар