Skip to content

Записите за Џозефина (101)

josephine
Секој завршеток е почеток на нешто ново,
 а овој запис за Џозефина
 е вовед во едно ново поглавје од нејзиниот живот
 во кој сакаш да бидеш присутен.
 Низ играта на зборови се запозна со девојката
 чиј живот го доживеа преку моето раскажување,
 низ играта на зборови ја запозна Џозефина
 чие постоење е вистинско или можеби не.
 Низ играта на зборови пловеше низ фантазија
 и реалност испреплетена со имагинација,
 но и креација на еден ум кој е неуморен
 и кој сака да создава.
 Џозефина е сѐ само обична не,
 дел од твоето секојдневие сакал или не,
 можеби можеш да ја сретнеш на улица
 или во книга,
 можеби ќе ја препознаеш во сестра ти
 или некој нејзин дел,
 можеби ќе ја препознаеш во сцена во филм,
 можеби ќе се вљубиш во неа,
 но никогаш нема да ја заборавиш.

Напишете коментар