Skip to content

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по чие читање нема да можете да заспиете

Самото име Стивен Кинг веднаш се поврзува со хорор, но навистина не е лесно да се одберат неговите најстрашни ремек-дела. Кинг го заслужил своето место во светот на ужасот кога ја објавил познатата „Кери“ (Carrie) во 1974 година. Додека оваа книга била адаптирана за филмското платно, Кинг веќе го објавил новиот роман „Судбината на Ерусалим“ (Salem’s Lot). Бројот на неговите книги полека се зголемувал и за кратко време Кинг изградил сопствена империја на хоророт која владеела во 80-тите.

Воопшто не се за потценување и неговите книги кои не припаѓаат на жанрот хорор како што се „Зелената милја“ (The Green Mile) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ (Rita Hayworth and the Shawshank Redemption). Но постои нешто посебно кај хоророт на Кинг. Доколку сте расположени во ведрите летни денови да внесете малку мрак и стимулација на психата, нема да погрешите со Стивен Кинг.

Во продолжение прочитајте кои се неговите најстрашни книги од кои дефинитивно ќе ве полазаат морници.

1. „Тоа“ (It)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Оваа хорор книга е можеби главната причина зошто некои луѓе се плашат од кловнови. Ужасното суштество се буди на секои 27 години и ги тероризира жителите на Мејн, гостејќи се со нивното вкусно месо. Една од најдолгите книги на Кинг која се чита во еден здив.

2. „Судбината на Ерусалим“ (Salem’s Lot)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Носители на дејството во вториот роман на Кинг се група ловци на вампири кои се борат против мрачните суштества чија закана дека ќе го уништат целиот град ги ужасува сите исплашени жители. Никогаш нема да можете да ги заборавите децата вампири кои лебдат, како и морничавата легенда за градот откако ќе ја прочитате оваа книга.

3. „Сјаење“ (The Shining)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Надежен писател заедно со неговата жена и син се вселуваат во еден изолиран хотел за да го одржуваат додека не започне сезоната. Хоророт започнува кога хотелот Оуверлук ќе почне да ја открива својата ужасна историја како и желба дека посакува нов дух да живее таму засекогаш.

4. „Гробишта за миленици“ (Pet Sematary)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Откако семејството Крид ќе се всели во нов дом, нивната мачка и најмал син загинуваат во трагични несреќи. Но, соседот ќе им открие мала тајна која ќе изгледа како идеално решение за нивната тажна судбина: Древни гробишта од каде закопаните секогаш се враќаат назад.

5. „Деца на пченката“ (Children of the Corn)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Еден пар возејќи со автомобилот случајно ќе прегази едно момче во Небраска и ќе го однесе во Гатлин, најблискиот град. Но, никој што живее таму не е постар од 19 години, а главниот во градот не ги сака баш посетителите…

6. „Ловец на соништа“ (Dreamcatcher)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Четворица другари од детството тргнуваат на нивното традиционално патување во дивините на Мејн без да знаат дека оваа година нештата ќе бидат поразлични и комплетно ќе им го променат животот. Кога ќе заглават во снегот опколени со опасна инвазија од вонземјани и психички нестабилен војник, мажите ќе мораат да се потпрат на нивниот петти пријател Дадитс за да го спасат светот.

7. „Маглата“ (The Mist)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Во едно мало гратче во Мејн денот започнува сосема нормално, но одеднаш се случува неочекуван пресврт во текот на настаните кога голема група на купувачи ќе останат заробени во еден супермаркет. Надвор започнува да владее густа магла, а суштествата кои се кријат во неа нема да имаат милост за заробениците.

8. „Регулаторите“ (The Regulators)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Среќното попладне во едно предградие на Охајо се претвора во вистински ужас кога група чудни автомобили во светли бои ќе застанат во близина и од нив ќе излезат гротескни вооружени лица кои пукаат во сѐ што ќе им излезе пред очи. Додека целото соседство се трансформира во детска карикатура на Дивиот запад, жителите мораат да соработуваат за да го сопрат демонот кој стои зад целиот неред, пред да биде предоцна.

9. „Темната половина“ (The Dark Half)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Авторот на фантастични романи, Тад Беумонт, не е толку успешен писател како Џорџ Старк, авторот на илустрирани криминалистички новели. Откако Беумонт ќе открие дека Старк е неговото лажно име и ќе му организира лажен погреб, писателот ќе биде обвинет за убиства кои не ги извршил поради вистинскиот убиец кој одговара на неговиот опис и ги носи неговите отпечатоци.

10. „Мизерија“ (Misery)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по кои нема да можете да заспиете

Авторот Пол Шелдон доживува автомобилска несреќа и се буди заробен во домот на неговиот најголема обожавателка Ени Вилкис. Таа е жена која живее во изолација од светот со големи планови за неговата кариера.

Извор: Кафе пауза

Напишете коментар