Во светот на книгите Занимливости и информации

Книга или чанта?

Некаде далеку…

живееше девојка која не можеше да ја најде чантата од нејзините сништа. Па затоа одлучи да си ја сошие сама. За среќа, нејзините шивачки вештини и динамична фантазија ѝ дозволија да создаде вистинско ремек-дело! Да, девојката беше навистина „скромна“, како што може да забележите…
– вака започнува приказната за Elena Myloslavskaya од BAGatelle Studio, дизајнерката на чантите во облик на книга, каде преку обично задоволство и хоби, денес со радо срце ги пречекува огромните нарачки за овој популарен моден додаток.

2

Совршениот моден додаток е на сцена (ако ги прашате вистинските љубители на книги, кои истовремено (и нескромно) можат да се пофалат и со својот стил): оваа колекција на чанти-книги се слика и прилика на познатите романи и новели – со изразена функционалност како мини-торбичка за преку рамо. Материјалот од којшто се изработени е мека еко-кожа која е непропустива на вода и има неколку патенти, како и малечок џеб во внатрешноста. Исто така, ремчето може да се намали или отстрани, за да може чантата да се носи и во рака. Ако се’ уште размислувате за совршениот подарок во оваа празнична сезона, погледнете ги фотографиите во прилог и посетете те го Etsy профилот на ова студио.

3456789101011111212131314

16

Би носеле ваква чанта?

Извор: DivianArts

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје