Литературна критика (рецензии)

Злосторство и казна – Фјодор М. Достоевски

66ea73bde7

Еден од главните ликови во руската книжевност – Фјодор М. Достоевски во „Злосторство и казна“ патем едно од неговите најзначајните дела, во книжевен облик ги претставува човечкото страдање, темните страни на човечкото суштество и неговите патолошки облици, постоењето на доброто и злото во човекот како две спротивставености. Ја опишува човечката психа со сите нејзини кризи и прави детален опис на чувствата кои може да се доживеат кога човек се соочува со страдање, каење, сожалување и вина.

Достоевски ќе напише: „Болката и страдањето се секогаш неизбежни за една длабока интелигенција и големо срце. Навистина големите луѓе мораат, сметам, да проживеат голема тага на оваа земја.“ 
И неговиот главен лик Раскољников се бори со своите чувства на оттуѓеност, сомнежи, кошмарните соништа. Со етичкото страдање си отвора пат за враќање во човековата заедница. Обидувајќи се да се постави надвор и над законите на општеството, се отуѓува од самиот себе. Тоа е најтешката последица на казната која ја добива злосторникот. Се може да се поднесе, но не и можноста да живее со злосторство зад себе. Се предава на судските власти.
Романот е реалистичен, психолошки, со елементи на хроника ( пожари, скандали, летот на Бергов со балон, џуџињата на Бартол и Масимо ), социјален ( со изразити карактеристики на криминалистички роман ) и идеен ( етичко-филозофска мотивација која дава карактеристики на филозофски роман ).
Во однесувањето на Раскољников  може да се идентификуваат три фази кои се наведени по редослед: подготовка на злосторството, извршување на злосторството и состојба на злосторството.
По убиството, кај Раскољников се забележуваат две тенденции: максималното залагање да не го открие злосторството и несвесното откривање.
Раскољников прво си помислува дека ќе се помести од умот, го фаќа треска, постојано е во некоја состојба меѓу сонот и јавето. Ги крие предметите што ги украл меѓу тапетите во својата соба, па се сетува дека треба да ги скрие подобро, некаде надвор.
Обидот да си го оправда сторениот чин не го спречило постоењето на извесно колебање во врска со правењето на злосторството: дали добрата цел ги оправдува средствата?
Во делото се среќаваат и следните ликови: Мармеладов, жена му Софја (Соња) Семјоновна Мармеладова, Настасја, Свидригајлов и неговата постара сопруга Марфа Петровна, Авдотја Романовна (Дуња), сестрата на Раскољников, бабата – Аљона Ивановна, пријателот Дмитриј Прокофич Разумихин, Петар Петрович Лужин, свршеникот на сестра му, Порфириј Петрович, Николај (Микулка), Катерина Ивановна, Иља Петрович.
Сторениот чин е извршен и враќање назад нема. Тоа му е кристално јасно. Но, она што останува после тоа, што го измачува и го тера да сонува кошмари, она што му го краде сонот и што не го остава мирен ни кога е буден – вината, а тој како да не може да се избори со неа.
Психичкиот немир кој се огледа во целиот роман ќе го прати до крај, измачувањето и себепрекорот, како и каењето се присутни постојано.
Убиството на бабата која е една обична вошка, го тера да се преиспита и да се запраша за постоењето и за животот и смртта. Зошто да биде одземен туѓ живот и зошто да му се скрати правото на живот на некој друг? Дали постои поголема казна од тоа да се казниш самиот поради тоа што си го направил најстрашниот замислив чин – одземање на човечки живот?
„Злосторство и казна“ како задолжителна лектира во средно училишите, но треба да биде задолжителна литература која би требало секој да ја прочита.
Психолошки, реалистичен роман во кој има социјални, криминалистички и филозофски елементи.

196_17_54_14__28__3_2013zlostor-400x577

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје