Проза

Приказната која заврши уште пред да почне

holding-hands1

Ја гледаш таква насмеана покрај друг и сфаќаш дека ти си можел да бидеш покрај неа на негово место. Знаеш дека згреши. И никогаш нема да си опростиш. Затоа што не ја искористи шансата да го направиш чекорот за кој ти беше потребно многу малку. И знам дека се плашеше. Знам дека многу прашања те измачуваа, а ја пиеше со очи. И ја љубеше искрено и од најдлабоките длабочини на твојата душа, и ја остави да си замине. И никогаш не си прости. И не ја напишавте вашата приказна. Не се ни обидовте да ја пишувате. Можеби тоа ќе беше некоја убава песна која немаше да има крај. Но, песната никогаш не беше отпеана, а колку многу посакуваше да биде… И зошто ти го кажувам ова? Затоа што знам дека сега можеби ти е сѐ сеедно. Можеби си ја преболел, покрај некоја друга. Ама, знаеш дека никогаш другата и никоја друга нема да биде таа. Ако некогаш ја сретнеш, ќе ти стане јасно. И нејзе ќе ѝ биде. Дека ако ви се спојат патиштата пак, песната треба да се напише. И нема да биде касно. Никогаш не е касно за правите нешта кои требало да се случат. А, знаеш дека и таа се плашеше? Дека можеби и таа се каеше некогаш? Но, не призна. Ни пред себе. Зошто се плашеше да си признае дека згреши. Зошто не ти дозволи да ѝ се приближиш колку што треба. И сега, кога го слушаш ова, пак ти е сеедно што не ја искористи приликата што требаше да ја создадеш кога имаше шанса?
Немој да не си простиш, така можеби ќе ви се сретнат патиштата повторно, можеби во некој нареден живот…

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје