Занимливости и информации

За наградите на ДПМ досега пријавени 75 книги

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија за најуспешни остварувања во 2016 година, досега пристигнале 75 дела од 68 автори, соопшти македонската писателска асоцијација, која очекува бројот на книгите да биде поголем со оглед на тоа дека конкурсот е отворен до крајот на декември.

http://kurir.mk/wp-content/uploads/2016/12/dpm-640×294.jpg

Пристигнатите дела конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Високите признанија ќе бидат врачени на 13 февруари 2017 година на свеченоста по повод јубилејот 70 години од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири-комисии составени од 15 истакнати писатели, академици, универзитески професори, критичари и есеисти.

Преземено од: Курир

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје