Занимливости и информации Културни настани

Промовиран поетски алманах „Прошетки на зборот”

Станува збор за петти по ред алманах во продукција на Здружението на писатели „Тиквешки цветови” од Кавадарци…

„Прошетки на зборот” е насловен поетскиот алманах со поезија од кавадаречки поети, кој беше промовиран синоќа, 22 декември, во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци.

Во алманахот има стихови од 28 поети од различни генерации, познати автори но и нови имиња.

Во своето обраќање кон присутните, актерот Александар Малинков нагласи дека кавадарчани носат уметничка душа и дека Кавадарци има бројни докажани уметници од сите сфери на уметноста.

Директорот на Домот на културата Владимир Темков рече дека соработката со кавадаречките поети ќе продолжи и во иднина.

– Зборот е алат за нас поетите и секој од нас со него гради поезија, секој тоа го прави најдобро што знае и умее, подвлече Марјан Тодоровски, поет, блузер, блогер, уредник на програма во Домот на културата и уредувач на алманахот.

Издавач на книгата е Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ со поддршка на Општина Кавадарци. Компјутерската обработка и насловната страница се дело на Билјана Соколова.

Преземено: Cooltura.mk

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје