15 знаци дека сте зависник од книга

Кои луѓе можат да се наречат зависници од книги? Ако некогаш сте се запрашале дали припаѓате на таа категорија луѓе, оваа статија е токму за вас. Доколку вие самие не сте зависници од книги тогаш сигурно познавате некој што е. Еве кои знаци се показатели. Прочитајте ги во продолжение.

1. Пред да ја завршите книгата што ја читате, веќе сакате нова

Ви звучи познато? Ако ви се случило ова повеќе од еднаш, голема е веројатноста да сте зависник од книги.

2. Повеќе сакате да читате книги отколку да се дружите со луѓе

Не сте антисоцијални или недружељубиви, едноставно повеќе ви се допаѓа да бидете во друштво на книга отколку со други луѓе. Ако ова тврдење е точно за вас, сигурно е дека сте зависник од книга.

3. Обврските во текот на денот не ве спречуваат да прочитате барем 30 страни

Без оглед колку напорен ви бил денот, вие секогаш наоѓате време да прочитате барем триесет страници од книгата што ја чувате покрај вашиот кревет. Секогаш наоѓате време без оглед колку сте биле зафатени.

4. Ви се случува да прочитате некоја книга баш во еден здив

Независно дали се работи за книга од 150 или 350 страници вие можете истата да ја прочитате во еден здив за неколку часа. Ова значи дека не сакате да ја оставите додека не стигнете до крајот. Токму поради истото ви се случува да не спиете цела ноќ, но нема за што да зажалите. Истото би го повториле повторно!

5. Додека читате надворешниот свет околу вас не постои – вие сте целосно внесени во книгата

За ова не е потребно многу објаснување, нели? Вистинските зависници го доживеале истото многупати.

6. Колку повеќе слободно време – толку повеќе време за читање

Сите различно го поминуваат своето слободно време, секој со ссвоите хобија и интереси. Но на зависницие од книга секој дополнителен слободен момент им е резервиран за читање. Слободното време за нив значи време поминато со книга во рака.

7. Купувате нови книги иако веќе на полицата имате некои десетици кои не ви се прочитани

Најверојатно е дека ова ви е премногу познато и ви се случило многупати. Истото му се случува на секој втор читател зависник од книги и никој не знае како да си помогне по ова прашање. Ние имаме решение – не се обидувајте да си помогнете, решение нема. Може само да го намалите купувањето, но еднаш зависник – засекогаш зависник од книги. 

8. Мразите да ви го откријат крајот на книгата или кога ви раскажуваат некои детали пред да ја прочитате

Нешто слично како што гледачот мрази да му се открие расплетот во филм или серија што ги нема изгледано, истото им се случува на читателите кои разговараат за некоја книга. Златно правило е: никогаш не откривај важни настани или крајот на книгата, за да не ја уништиш забавата!

9. Книжарниците и библиотеките ги доживувате како рај на земјата

Обожавате да посетувате книжарници и не ви пречи да поминувате таму и со часови ако е возможно. Библиотеката може да ви биде втор дом, нешто слично како што им е кафаната на кафанџиите. Само што вашата храна е духовна, па вие не излегувате од таму со сити стомаци, но и те како сте душевно побогати. Она што за коцкарите е кладилницата или казиното, за зависничките од модата бутиците, трговските центри со продавниците за облека, чевли, шминки и аксесоари, за зависниците од книга се библиотеките и книжарите.

10. Следите попусти за книги, пребарувате онлајн книги и барате рецензии и препораки

Постојано сте во тек со новитетите, ги следите сите можни попусти и промоции од издавачките куќи. Вие сте меѓу првите што ги разгледале каталозите и веќе си правите список на следни книги.

11. Не може да се каже дали повеќе купувате онлајн или директно од книжара – вие имате пасија кон купување нови книги

Кога сакате да имате некоја книга – едноставно не бирате на каков начин ќе стигнете до неа. Сакате само да ја имате побрзо. Можеби ќе појдете да ја купите, ќе порачате некој да ја купи место вас или со неколку клика ќе ја порачате онлајн, секоја варијација е можна ако тоа значи да стгинете до книгата најбрзо што може.

12. Ако не купувате тогаш сигурно сте најредовни во библиотеките каде што позајмувате нови наслови

Не е проблем ни за зависниците со ограниечн буџет – на помош се градските библиотеки кои се спасот. Со членска картица вие имате пристап до голем број книжевни дела кои чекаат да бидат прочитани.

13. Барем еднаш домашните ве имаат прекорено со коментар: “повторно купи книги?“

Многу добро познато им е на вистинските зависници од книги кога дома ќе почнат да ги прекоруваат дека “претерале“ со купување (порачување). Тие знаат дека ништо не е претерано ако никому не носи штета истото. Уживаат да претеруваат на овој начин.

14. Мразите кога ќе слушнете некој да рече дека “книгите не се вредни“.

За ова сте подготвени да влезете во жестока расправија само да докажете дека книгите имаат непроценлива вредност. Потоа ги сожалувате тие што имаат таков став бидејќи не ги процениле вредностите најдобро.

15. Емпатични сте кон сите, но никако не можете да разберете како некој може “да не чита“ или “да не го интересира читањето“

Со текот на читањето луѓето ви стануваат поблиски, имате големо разбирање за околината, но тешко го сварувате оној дел кога некој ќе каже дека не чита книги и дека не го интересираат истите. Можете да се обидете да разберете, но пак накрај останувате во прашалници и со мислата: “Колку само пропуштаат тие што не читаат, навистина жално.“

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!