Skip to content

Бадеми и цели светови

Носиш бадеми и во нив светови
како два украси и бели бисери,
како огледало во кое себе си се гледаш,
како сенка од која нема кај да бегаш.

Носиш бадеми и во нив светови
цели тајни скриени и недопишани романи,
цели вистини недоречени и зборови неискажани
цели надежи собрани и неостварени желби.

Носиш бадеми и во нив светови
како два ѓердани лицето ти го украсиле
и во нив сета тага што те тишти ја скриле,
та чиниш се насмевнале за да не те издадат,
та светкаат како да ќе те заслепат.

Носиш бадеми и во нив светови
што во нив сите убавини се збрале,
што во нив илјадници слики заспале,
што во нив многу се загледале,
што нив малку ги преболеле.

Напишете коментар