Занимливости и информации

Награда „Македонска книжевна авангарда“ за Ана Бунтеска

Поетесата Ана Бунтеска за стихозбирката „Колку е потребно за среќа“ е добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда“…

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Ана Бунтеска (Скопје, 1972) дипломирала на Економскиот факултет во Скопје и работи во Македонската берза.

Има објавено две книги поезија – „Стави лајк на сопствениот живот“ и „Колку е потребно за среќа“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Досегашни добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“ се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски и Стефан Марковски.

Извор: Cooltura.mk

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје