Skip to content

„Норвешка шума“ – Харуки Мураками (рецензија)

Кога ќе ја чуе песната на Битлси (патем насловот на книгата е и нејзното име), Тору Ватанабе се сеќава на својата прва љубов, Наоко -девојката на неговиот најдобар пријател Кизуки. Истиот миг во мислите се враќа во минатото, кога пред речиси дваесет години ги минувал студентските денови во Токио, загубен во свет на тегобни пријателства, секс, страст, загуби и копнежи – во времето кога во неговиот живот влегла младата жена Мидори, а тој морал да избира меѓу  иднината и минатото.

img_20170117_202742

Во содржината се среќаваат длабоки размисли за паметењето, животот, настаните што ни се случуваат, тажните и платонски љубови, спомени од минатото и начинот на кој тие се доживеани е прекрасно опишан.

„Понекогаш се прашувам: АКО се сретневме ти и јас во сосема нормални околности и АКО си се допадневме еден на друг, што ќе се случеше? АКО БЕВ ЈАС нормална и ти беше нормален (се разбира дека ти си нормален), и да не беше Кизуки, што ќе се случеше? Се разбира, тоа „АКО“ е премногу големо.“ – извадок од писмото кое Наоко го пишува за Тору.

На почетните страници, Наоко има барања од Тору и на тој начин тој секогаш ќе биде поврзан со неа. „Ќе направиш ли две работи за мене?, го прашува Наоко. Тој ѝ вели „Може да добиете до три желби, мадам.“ Таа му вели „Не, две се доволно. Едната е да сфатиш дека сум ти благодарна поради тоа што дојде да ме видиш.“ и втората желба: „Сакам секогаш да се сеќаваш на мене. Ќе се сеќаваш дека сум постоела и дека сум стоела овде вака до тебе?

Со интензивни емоции, длабоки доживувања и живописни слики чиниш се наоѓаш на сите места кои се опишани, оваа книга те носи во друг свет, свет кој ќе нема да сакаш да го оставиш до последната страница!

Норвешка шума е најпознатиот роман на Харуки Мураками, култна книга која неодамна беше најголем јапонски бестселер на сите времиња. Само во Јапонија се продадени над четири милиони примероци“. – пишува на корицата.
„Оваа книга е полна со студентки бунтови, слободна љубов и поп-музика од шеесеттите години. Исто така, таа е вистински емотивна и ги опишува врвовите, но и најдлабоките падови на растењето“ пишува Индепендент

„Трогателна приказна што погодува право во срцето…Мураками е несомнено еден од најдобрите светски романсиери.“ – Глазгов хералд

img_20170117_202831

Напишете коментар