Skip to content

Патот по кој одиш – Радован Павловски (рецитација)

Патот по кој одиш

Патот по кој одиш
не мора да биде рамен пат
туку сам пронајди пат
како што на својата мисла
ѝ пронаоѓаш збор
така и на своето тело
скрој му облека
Со убавина и допир
исправи ги гранките на жалната врба
во обратен правец
порадосна да биде.

Чита: Наталија Наумовска

Напишете коментар