Skip to content

13 заповеди за читање книги!

После долги години поминати во читање книги, се обидов да смислам неколку заповеди кои се интересни да се прочитаат. Смислени се чисто за забава, но мислам дека се универзални. Тие важат за сите љубители на читањето. Се согласувате со нив? Прочитајте ги во продолжение и проверете! 

1. Никогаш не прескокнувај страници (колку и да си љубопитен) за да видиш што ќе се случува во следната глава или на самиот крај! Така само ќе си го уништиш читањето и целата книга ќе биде премногу предвидлива.

2. Никогаш не ја уништувај книгата на било каков начин кој подразбира: виткање на страниците наместо ставање на бележник, чкрткање отстрана или шарење/боење на одредени делови. (Сите работи што сакаш да ги забележиш можеш да ги направиш на друго место, немој да го уништуваш духот на книгата).

3. Никогаш не им позајмувај книги на луѓе кои го прават тоа од втората точка. Ниту пак на оние кои немаат навика да ги вратат назад.

4. Секогаш имај покрај себе нешто за пиење, како чај, лимонада, кафе или обична вода и таа ќе заврши работа.
qrx0gzsr55eed87ad0223861152588

5. Секогаш биди удобно сместен и не дозволувај никој да те прекинува! Доколку си во твоето омилено катче во домашна атмосфера можеш да запалиш миризливи свеќи со арома која релаксира. Исто така можеш да слушаш и тивка музика додека читаш. Создади сопствен ритуал при читањето.
(„Кога некој чита – не му зборувај“, треба добро да биде разбрано од луѓето во твоја околина за да не ти попречуваат во твојата омилена активност).

6. Читај секаде каде што можеш и имаш време: додека се возиш во автобус/воз, додека чекаш автобус или ред за закажан лекарски преглед. Едноставно секаде каде што имаш повеќе слободно време без да бидеш прекинуван, а попаметна работа од читање книга во период на чекање – не постои.

11dd80579d0a8aead8e601370fa160da_compliance-pics-of-people-reading-books_611-354

7. Не им откривај дел од содржината или модерно „спојлер“ на луѓе кои рекле дека почнале да ја читаат истата книга што ти си ја завршил. Совет: дискутирај околу содржината во затскриена форма за да им ја зголемиш желбата да ја прочитаат. Но не им откривај речиси ништо, во никој случај најбитните делови!

8. Купувај книги, позајмувај од библиотека или пријател затоа што навистина сакаш да ги прочиташ, а не затоа што се „тренд“ или популарни во моментот. Не е погрешно да читаш книги кои во моментот се популарни и за кои сите зборуваат. Но секогаш гледај да читаш првенствено тебе што те интересира во моментот.

9. Зголемувај си ја домашната библиотека затоа што кога ќе ја погледнеш полицата со книги како ти се смешка во еден агол од собата. Ќе ѝ се смешкаш и ти зошто знаеш дека ниту еден денар не е потрошен за џабе. Можеби си потрошил одредена сума пари, но назад добиваш непроценливо богатство!
fiction

10. Посетувај саем на книга со претходно направен список за сите книги што сакаш да си ги купиш (и да немаш список, не смееш саемот да го напуштиш без минимум една купена книга).

11. Читај пред спиење наместо да седиш пред екранот од компјутерот! Многу полесно ќе заспиеш, а наутро ќе станеш со поголема енергија.

12. Читај им на помалите околу тебе кои уште не знаат да читаат, за да им ја пренесеш љубовта кон пишаниот збор уште од мали нозе.

13. Читај на глас некои омилени парафрафи или делови со дијалози кои ти оставиле силен впечаток. Уште подобро ако внесеш динамика во говорот, ќе си направиш една мини приватна претстава.

 

Пишете ни во коментари со кои заповеди се согласувате, а кои би ги промениле?

Напишете коментар