Skip to content

Саемот на книга започна (2017)

Официјално и од денеска започнува 29-тиот по ред саем на книга кај нас, кој се одржува традиционално во Април. 
Настанот е место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ. На Саемот на книгата на едно место се претствуваат најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот  што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 40.000.

Значењето на Саемот на книгата е огромно, а манифестацијата како една од најпосетените саемски манифестации кај нас учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.
Зборот, читањето, размената на мисли ги поврзува и обединува луѓето во една нераскинлива нишка!

Саем на книга

За сите саеми, цената на влезницата за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети, 20 денари.

Напишете коментар